Потребни документи за пријавување и запишување

По вашата електронска пријава на страната www.upisi.ukim.mk, ваша задолжителна обврска е електронско прикачување на документите. Секој студент има задолжителна обврска да ги испрати документите следниве 2 (два) начина:

1. Испратени и атачирани сите потребни документи на мејлот upisi-pravf@ukim.edu.mk

  1.  Прикачени(атачирани)во iKnow системот во полето “Прикачи документи”(најдолу од страната) во табот “Поднесување” што се наоѓа веднаш по пополнување и испраќањето на електронската пријава.

УПАТСТВО за испраќање преку електронска пошта

  1. При испраќање на документите преку електронска пошта (e-mail) потребно е да ги запазите следниве чекори.

А. Во предмет(Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Б. Во прилог на пријавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документ:(во pdf или jpg формат):

  • Пријава за запишување (образец А1)
  • Електронска пријава (од iKnow-системот) – Интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист (се печати од електронската пријава) – IKnow
  • административна такса од 50 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
  • oригинални свидетелства од сите класови
  • Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • Извод од матична книга на родените (оригинал)
  • Доказ за државјанство на Р. Македонија (уверение или решение)
  • Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Правниот факултет”Јустинијан Први ” во Скопје(се  печати од електронската пријава)
  • Изјава за веродостојност и точност на приложените скенирани документи (се печати од електронската пријава)
  • Изјава согалсоност за лични податоци(се печати од електронската пријава)
  • Изјава за национална припадност(се приложува само ако во сведителствата и дипломите не е наведена националната припадност)


УПАТСТВО
 за испраќање преку IKNOW системот

  • Ваша обврска е да влезете повторно на страната www.upisi.ukim.mk , да се логирате повторно и да стигнете го прозорецот поднесување. (со кликање на продолжи десно долу)
  • Најдоле во табот “Поднесување” се наoѓа прозорецот “Прикачи документи ”.
  • Потребно е да се прикачи секој документ што ви се бара да го прикачите.
  • Прикачувањето се врши на начин што кликате на пр. Сведителство и веднаш ви се отвара pop up прозорец за негово атачирање.
  • Го наоѓате соодветниот документ и кликате open, при што добивате порака дека сте го  прикачиле тој документ.
  • Во прилог подолу  ви е даден сликовит пдф документ од Табот “Поднесување” со соодветните чекори.
    https://ukimmk-my.sharepoint.com/:b:/g/personal/ikt_pf_ukim_edu_mk/EZr0ANPqFu5FkL88tlsdNQkBk_6D8YzOzbcqSsxnWq0eFg?e=3f1Fjw

Доколку имате технички проблеми, обратете се на следниов email: ikt@pf.ukim.edu.mk

Со почит,

Правен факултет “Јустинијан Први ” во Скопје

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux