ДОМА ЗА НАС СТУДИИ НАСТАВЕН КАДАР СТУДЕНТИ МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ПУБЛИКАЦИИ ГАЛЕРИЈА АРХИВА ПРОЕКТИ
 
 
"Мисија: Преку постојаното осовременување на студиите и создавањето вистинско знаење, Правниот факултет повеќе од половина век дефинира што факултетот треба да биде. Тука и сега. Секогаш први! ..."
 
 
 
 
 
 
 
 ПРАВНИ СТУДИИ

Правните студии на Правниот факултет „Јустиниујан Први“ се постојни од неговото основање во 1951 година. До сега наставната програма на правните студии претрпе низа промени со кои се настојуваше да се одговори на потребите и на тековите на општеството. Последната промена настаната во насока на Болоњскиот процес е усвоена на 1. 4. 2005. Нејзината цел е правните студии да станат дел од заедничкиот европски високообразовен простор. Според изменетата и дополнета студиска програма, правните студии траат 10 семестри односно 5 години со вкупно 300 кредити.

 

Во првите 3 години (6 семестри) се изучува задолжително јадро од 26 предмета (вклучително и странски јазик и информатика) кои на правникот му го дават општото правничко образование. Наставата во овие 3 години се одвиваа во вкупно 1272 часа, а студените се очекува да совладаат задолжителна литература од вкупно 10060 страници.

 

Студентите своето образование може да го продолжат и на повисокиот степен, избирајќи една од деветте насоки за специјализација, и тоа:

 

1. Административно право и јавна администрација
2. Граѓанско материјално и граѓанско процесно право
3. Деловно право
4. Историја на правото
5. Казнено право
6. Меѓународно право и меѓународни односи
7. Римско право и приватно-правна традиција
8. Уставно право
9. Финансии и финансово право

10. Право на интелектуална сопственост

11. Корпоративно право

 

Во рамките на секоја насока студентите имаат можност да изберат еден од двата понудени модула, како потесно подрачје на специјализацијата. Овие предмети се изучуваат во 7, 8 и 9 семестар. Во 9-тиот семстар студените може да изберат 4 опциони предмети. Тие може да бидат избрани од листата опциони предмети дадена за насоката, како и од заедничката листа предмети на Правниот факулет "Јустинијан Први“, но и од сите други факултети членки на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј“. Во 10-тиот семестар студентите го изработуваат и јавно го бранат завршниот - магистерски труд. Во двете специјалистички години се освојуваат вкупно 120 кредити во кои се вклучени и кредитите за изработка на завршен - магистерски труд. Вкупно треба да се изучат 13 предмета, да се посветат 864 часови и да се совладаат 6660 страници литература.

 
 

 

 

 

 
 
             © Сите права се задржани Правен Факултет
               
КОНТАКТ
Правен факултет „Јустинијан Први“
Бул. Гоце Делчев 9б.
1000 Скопје, Македонија
Тел. +389 2 3117 244
Факс: +389 2 3227 549
 
 
  Најава