ДОМА ЗА НАС СТУДИИ НАСТАВЕН КАДАР СТУДЕНТИ МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ПУБЛИКАЦИИ ГАЛЕРИЈА АРХИВА ПРОЕКТИ
 
 
"Мисија: Преку постојаното осовременување на студиите и создавањето вистинско знаење, Правниот факултет повеќе од половина век дефинира што факултетот треба да биде. Тука и сега. Секогаш први! ..."
 
 
 
 
 
 
 
 СТУДИИ ПО НОВИНАРСТВО
Студиите по новинарство се воспоставени во 1977 година како интердисциплинарни студии во организација на три факултети: Правниот факултет, Економскиот факултет и Филолошкиот факултет. Кон крајот на осумдесеттите години, студиите по новинарство станаа дел од Правниот факултет како интердисциплинарни студии, за подоцна да добијат рамноправен статус како посебна студиска програма - правни студии, студии по новинарство и политички студии.

Реформата на студиите по новинарство се одвиваше постапно во последните четири години:
- воспоставување соработка со холандската организација Пресс Ноњ и започнување на проектот Летна новинарска школа (2001), со цел подобрување на студиите по новинарство. Овој проект, кој во 2004 година е преименуван во Новинарска лабораторија, имаше за цел да ги подобри студиите, но и да служи како начин за идентификација и селекција на искуства применливи во натамошниот процес на реформите;
- одржана е конференција на тема Модернизација на новинарското образование на која учесници беа претставници од медиумите, државни институции, универзитети, познати и влијателни интелектуал-ци, меѓународни и невладини организации и студенти од студиите по новинарство;
- посета на странски експерти со цел оценување на актуелната ситуација на студиите. На Правниот факултет престојуваа, во подолги посети, неколку сегашни и поранешни уредници на највли-јателните дневни весници и телевизиски куќи во Холандија и деканот на студиите по новинарство во Гронинген, кои изработија исцрпни писмени препораки/извештаи за состојбата на студиите и за правците на подобрување и усовршување;
- во 2003 година е формирана Комисија за воведување кредит-систем и за измени на наставниот план на студиите по новинарство. Комисијата работеше интензивно во изминатите две години;
- интензивна соработка со повеќе странски и домашни невладини организации кои се занимаваат со образование на новинари, со странски универзитети, со домашни и со странски медиуми, новинари од практиката и експерти.

Основа на предложените измени и дополнувања е постојниот наставен план и наставните програ-ми на студиите по новиранство.

Она што е новина на студиите по новинарство е новиот начин на студирање, можноста за избор на насоки/специјализации, нови општообразовни и стручни предмети и, секако, практичната работа, која ќе се изведува на Факултетот и во медиумите. Концептот на студиите се потпира на три столба: осовременети и збогатени општообразовни содржини (со акцент врз содржините кои се неопходни во процесите на политичко и образовно приближување на Македонија кон Европа - европски интеграции, права и слободи на човекот, слобода на изразување, етика, интеркултурните аспекти на медиумите итн), поширок корпус стручни знаења (бројни нови содржин) и практична обука.

При конципирањето на наставниот план според ЕКТС, се користеа критериуми кои се приспособени на специфичностите на новинарските студии, новите циклуси на студирање приспособени на Болоњската декларација и светските искуства. Првите три години носат 180 кредити. Со оглед на потребата во овие три години да се внесат три типа содржини (општообразовни, стучни и практични) неопходно беше да се внесат релативно многубројни содржини. Вториот фактор е потребата за прак-тична настава, но која Исто така, ќе носи кредити за да се потенцира нејзиното значење за студентот. Со оглед на фактот што практичната работа не резултира со испит, бројот на дисциплините и испитите во првите три години не го надминува прифатливото ниво на оптовареност на студентот.

Оние студенти кои ќе се одлучат за тригодишно студирање ќе изучуваат општообразовни содржини (право, политика, економија и сл.); стручни новинарски предмети и соодветна практична раб-ота на самиот Факултет но и во медиумите. Тригодишната програма е така конципирана што и во случај кога студентот ќе се одлучи да престане со студиите по третата година, ќе се здобие со заокружен кор-пус од општи, стручни и практични знаења кои ќе му овозможат професионално да работи како новинар. Доколку се одлучат да го продолжат своето студирање во следните две години, студентите ќе имаат можност да одберат насока на студирање: новинарство или медиуми и комуникации. Во текот на тие две години, програмата што се нуди ќе им овозможи на студентите двојна специјализација: според избрана-та насока (новинарство или медиуми и комуникации) и според областа (со помош на широката листа на изборни предмети).

Десеттиот семестар е предвиден за практична работа во зависност од медиумот за кој студентот се определил.

Забелешка: Предметните програми кои се нецелосни се однесуваат на предмети од четврта и петта година, кои за првпат се воведуваат и се потполно нови, а на нивната содржина во моментов работат домашни и странски експерти.
 
 

 

 

 

 
 
             © Сите права се задржани Правен Факултет
               
КОНТАКТ
Правен факултет „Јустинијан Први“
Бул. Гоце Делчев 9б.
1000 Скопје, Македонија
Тел. +389 2 3117 244
Факс: +389 2 3227 549
 
 
  Најава