Студентски прашања се служба на Факултетот која се грижи за сите административни прашања поврзани со студирањето. Службата за студентски прашања е надлежна за упис и заверка на семестрите, по исполнувањето на соодветните услови, за закажување, примање пријави и техничко организирање на испитите, за водење индивидуални досиеја за студентите, издавање потребни потврди и уверенија за статусот и за успехот на студиите и слично.

Службата за студентите обезбедува информации кои се однесуваат на административно – техничките прашања на студиите. За секоја година во различните студиски програми – правни, политички и студии по новинарство, има службеник кој одговара за годината, им стои на располагање на студентите и им ги обезбедува потребните информации.
Работно време на службата за студентски прашања:
понеделник – петок од 11 – 13 часот