КОНКУРС ЗА СТУДЕНТ/-КА КОЈ/-А ДИПЛОМИРАЛ/-А СО НАЈДОБАР УСПЕХ ВО 2016/2017 ГОДИНА

Се повикуваат студентите кои дипломирале во учебната 2016/2017 година со просечна оценка не помала од 9,00 да се јават на студентски прашања заради определување на најдобар студент за таа година.

Условите кои треба да се исполнат се следниве:

  • Завршување на студиите од прв циклус во роковите определени за исполнување на сите обврски за студиската програма во рок не подолг од 6 месеци од завршувањето на учебната година (на 14.9.2017)
  • Стекнати 18О ЕКТС кредити
  • Просечната оценка да не е помала од 9.00

Студентите кои ги исполнуваат овие услови да го пополнат образецот во прилог и да го достават во службата за студентски прашања најдоцна до 02.03.2018. ТУКА

Соопштение за работно време на службата за студентски прашања

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопјe, започнувајќи од 19.02.2018 година (понеделник), архивата и службата за студентски прашања ќе работат со ново работно време:

· Службата за студентски прашања со странки ќе работи од 12 до 17 часот

· Архивата на факултетот со странки ќе работи од 12 до 15 часот.

Ве молиме да го почитувате работното време.

ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА

Електронското запишување на летен семестар за Прв циклус на студии за прва година се однесува за сите насоки освен за Правни студии.

Во прилог е упатството за електронско запишување на летен семестар за учебната 2017/2018 година. ТУКА

Запишувањето е задолжително и ќе се одвива до 11.2.2018 година.

 

ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА

Електронското запишување е за студентите кои се запишале во ПРВ уписен рок на втор циклус на студии.

Во прилог е упатството за електронско запишување на летен семестар за учебната 2017/2018 година. ТУКА

Запишувањето е задолжително и ќе се одвива до 11.2.2018 година.

РАСПОРЕД НА ПРЕДАВАЊА ЗА ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНА 2017/18 ГОДИНА

Во прилог е распоредот на предавања за Прв цилкус на студии во летниот семестар во учебната 2017/18 година. ТУКА

Предавањата за летниот семестар на прв циклус на студии ќе започнат на 5.2.2018 година.

 

Известување за практикантска работа

Согласно меморандумот за соработка со Нотарската комора на Репуплика Македонија. Ве известуваме дека сите заинтересирани студенти  за практикантска настава кај нотар Билјана Пецовска за подрачјето на основните судови на Град Скопје Бул. “Партизански одреди” бр.43 Б Скопје можат да се пријават на приложениот  Тел. за контакт или на маил.

Тел. за контакт:

3245-444

Маил:

notar@t.mk

Одлука за спроведување на дополнителна испитна сесија за студенти-апсолвенти на прв циклус на студии за учебната 2017/18 година

Во прилог е одлуката за спроведување на дополнителна испитна сесија за студенти-апсолвенти на прв циклус на студии за учебната 2017/18 година. ТУКА

Студентите апсолвенти кои што ќе полагаат во дополнителната февруарска испитна сесија ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба испитот да го пријават во службата за студентски прашања кај одговорното лице Хамди Весели. При пријавување на испитот ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се достави пополнета пријава и индекс.