Е-студент

Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје е првата и единствената високообразовна институција во Република Македонија која целосно го разви концептот на „е-индекс“. Секој студент со запишувањето на Правниот факултет покрај индексот во пишана форма, добива и електронски индекс.

Сo електронскиот индекс се евидентира присуството на наставата, редовните и дополнителните активности на студентот, бројот на поените од активностите, освоените поени на колоквиуми, завршното оценување и бројот на кредитите. Целокупната електронска евиденција за секој студент влегува во неговото електронско досие, кое е составен дел на базата на податоци на Факултетот. Секој студент со добивањето на електронскиот индекс, добива и корисничко име и лозинка, со кои може да пристапи до податоците содржани во своето електронско досие. Пристапот до електронската евиденција се остварува преку интернет страницата на Факултетот.