“Влијанието на дигитализацијата врз медиумскиот пејзаж – нова улога за новинарот?” – Работилница


Подробности за настанот


Амбасадата на Шведска и Правниот факултет “Јустинијан Први” организираат работилница на 14 ноември за напредни студенти по новинарство од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” и Институтот за комуникациски студии. Работилницата, наречена Влијание на дигитализацијата на медиумскиот пејзаж – нова улога за новинарот ?, ќе ја спроведе г-ѓа Керсти Форсберг, директор на Институтот за медиуми Fojo. Fojo е водечки шведски медиумски институт со мандат да го зајакне слободното, независно и професионално новинарство, во Шведска и на глобално ниво.