Граѓанско процесно право Термин за завршен испит во дополнителна јануарска сесија

Се известуваат студентите од трета година, правни студии, дека завршниот испит по предметот Граѓанско процесно право ќе се спроведе на 09.02.2018 година (петок), од 11 часот.

Испитот ќе се спроведе писмено.

Предвидениот термин се однесува и на вонредните студенти.

Испитот треба задолжително да се пријави со поднесување на уредно пополнета пријава преку службата за Студентски прашања најдоцна до 06.02.2018 година (вторник).

Право на полагање на завршен испит имаат само студентите кои ги имаат положено двата квалификациони колоквиуми или квалификациониот испит и кои го имаат пријавено завршниот испит преку Службата за Студентски прашања.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux