Научна конференција на тема „Данокот на додадена вредност“

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на 3 мај 2017 година се одржа научна конференција на тема „Данокот на додадена вредност – измени во однос на физичките лица: дилеми и перспективи“.

Научната конференцијата ја отворија проф. д-р Горан Коевски, Декан на Факултетот и проф. д-р Владимир Петрушевски, Проректор на konferencija-na-tema-ddv-2Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Проф. д-р Весна Пендовска, како воведничар се осврна на развојот на даночното законодавство во Република Македонија. Проф. д-р Александра Максимовска ги анализираше прашањата кои отвораат дилеми околу примената на новите правила во законската регулатива за ДДВ, додека проф. д-р Ванчо Узунов се осврна на прашањата на импликациите на новите правила за оданочување, односно скриена прогресија преку ДДВ. Во своето излагање, проф. д-р Александар Стојков даде компаративен преглед на правилата за ДДВ во поглед на прагот на регистрација во Европската унија и во Република Македонија. Можностите и опасностите од даночна евазија поради измената на ДДВ-регулативата беа предмет на анализа на доц. д-р Јован Зафировски, додека д-р Елена Ќосева се осврна на прашањата за уставноста и забраната за ретроактивното важење на новите правила за ДДВ.

На конференцијата учествуваше и генералната директорка на Управата за јавни приходи на Република Македонија, г-а Анастасија Илиевска, која што го истакна значењето на вакви дискусии во насока на унапредување на даночното законодавство во Република Македонија.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux