ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ “ЈУСТИНИЈАН ПРВИ” – СКОПЈЕ 18ти ВО СВЕТОТ НА НАТПРЕВАР ЗА ИНВЕСТИЦИОНА АРБИТРАЖА ВО ФРАНКФУРТ, ГЕРМАНИЈА

Тимот на Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје, кој за прв пат учествување на престижниот натпревар по инвестициона арбитража Frankfurt Investment Arbitration Moot во периодот 12.3.2018 година – 16. 3. 2018 година, освои 18то место во светот на вкупната ранг листа, помеѓу 80 универзитети кои учествуваа на финалниот натпревар во Франкфурт и уште 40 универзитети кои беа дел од елиминационите фази кои се одржаа во Хонконг, Моска, Женева, Париз, Мумбај и Вашингтон или вкупна бројка од 120 универзитети.

Овој натпревар е најголем и најпрестижен натпревар за инвестициона арбитража и инвестиционо право во светот, на кој студентите се натпреваруваат во делот на арбитражно решавање на инвестициони спорови. Преку овој натпревар се создава високо квалитетен кадар кој е подготвен да се справува со сложената проблематика на заштитата на странските директни инвестиции и се поттикнуваат студентите за развој на својата кариера во престижни адвокатски канцеларии во светот.

Тимот на Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје се состоеше од следните студенти: Атанас Аврамов, Ивона Ажиевска, Анисија Стојковска и Петар Барлаковски. Нашиот тим беше подготвуван од страна на: проф. д-р Тони Дескоски, проф. д-р Дарко Спасевски (кој ги водеше студентите во Франкфурт) и доц. д-р Вангел Доковски.

Тимот на Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје имаше три настапи и тоа со Универзитетот од Лвив, Украина, Универзитетот од Амстердам, Холандија и здружениот тим на универзитети од Грузија. На сите настапи, студентите од Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје добија пофални зборови од арбитрите, што резултираше со освојување на 18то место во светот на вкупната ранг листа.

На иницијатива на GIZ, балканскиот регион за прв пат се вклучува во овој натпревар, при што учествуваа правните факултети од Скопје, Нови Сад, Белград и Приштина.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux