Оценување и полагање на прв циклус студии

Оценување и полагање на прв циклус студии

Оценување

Оценувањето на редовните студенти во рамките на предметната програма се остварува преку континуирано и завршно оценување.

Континуираното оценување е описно или со поени. Континуираното оценување задолжително содржи колоквиум, а може да вклучува активност во наставата и други облици на континуирано оценување.

Услов за спроведување на завршното оценување е положен колоквиум. За секоја предметна програма се полага само еден колоквиум. Колоквиумот се спроведува по завршување на шестата недела од наставата и по неделата за учење, од материјата предадена во првите шест недели од наставата. Колоквиумот се полага преку компјутерски тестови со 20 прашања, кои носат најмногу 20 поени.  Колоквиумот се смета за положен ако кандидатот дал најмалку 11 точни одговори. Времето на полагање на колоквиумот изнесува 30 минути. Полагањето на колоквиумот се спроведува во различни денови согласно со распоредот за полагање на колоквиумите даден од Студентската администрација.

Завршното оценување се врши по усмен или по писмен пат. Носителот на предметната програма (предметниот наставник) може во завршната оценка да ги вклучи поените од континуираното оценување или да ги има предвид резултатите од континуираното оценување и во завршното оценување да даде најмногу до 100 поени.  Завршното оценување е нумеричко, со оценка од 5 (пет) до 10 (десет).

Оценувањето на вонредните студенти се остварува само преку завршно оценување со усмен или писмен испит.  Носителот на предметната програма (предметниот наставник)  ги наведува во силабусот начинот на континуираното оценување (описно или со поени),  пропорцијата меѓу обемот на континуираното и завршното оценување, како и начинот на завршно оценување (усмено или писмено) најдоцна до 10-ти септември секоја учебна година.

Завршното оценување на предметна програма од првиот циклус на студии се смета за успешно доколку студентот освои најмалку 61 поен, при што повисокиот број на освоени поени кореспондира на некоја од следните оцени:

СКАЛА НА ПОЕНИ ОЦЕНКА
61 - 67 6 /шест/
68 – 75 7 /седум/
76 – 83 8 /осум/
84 – 91 9 /девет/
92 – 100 10 /десет/
Wordpress Table Plugin  

Предметниот наставник ја внесува завршната оценка во електронското досие на студентот, во индексот на студентот и во пријавата за испит и ја потврдува со свој потпис.

За останатите прашања на оценувањето и испитите се применуваат одредбите од членовите 31 – 44 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус на универзитетски студии (Универзитетски гласник бр.141 од 2009 година).

 

НАЧИН НА ПОЛАГАЊЕ НА ПРЕДМЕТНИ ПРОГРАМИ ВО ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ

 

Испитот по еден наставен предмет може да се полага најмногу три пати, во три последователни сесии.

За предметни програми од зимскиот семестар за редовни студенти полагањето на колоквиум, поправен колоквиум  и завршно оценување (испит) се спроведува во: ноември (колоквиум), јануари (поправен колоквиум и завршно оценување), јуни (колоквиум, поправен колоквиум и завршно оценување) и септември (колоквиум, поправен колоквиум и завршно оценување).

За предметни програми од зимскиот семестар за вонредни студенти полагањето на завршно оценување (испит) се спроведува во: јануари, јуни и септември.

За предметни програми од летниот семестар за редовни студенти полагањето на колоквиум, поправен колоквиум и завршно оценување (испит) се спроведува во: април (колоквиум), јуни (поправен колоквиум и завршно оценување), септември (колоквиум, поправен колоквиум и завршно оценување) и  јануари (колоквиум, поправен колоквиум и завршно оценување). За предметни програми од  летниот семестар за  вонредни студенти полагањето на завршно оценување (испит) се спроведува во: јуни, септември и јануари.

Доколку студентот не го положи испитот во три последователни сесии, ја презапишува предметната програма. Предметна програма презапишува и редовен студент кој нема да положи колоквиум во три последователни сесии.

Студентот по завршувањето на тековната учебната година (14 септември) во која запишал и заверил VI семестар стекнува статус на апсолвент. Апсолвентите ги презапишуваат предметните програми кои не ги положиле во претходните испитни рокови, без обврска нив да ги слушаат, и имаат можност да ги полагаат во првиот нареден испитен рок како вонредни студенти.

 

Презапишување на предметна програма

 

Студентите имаат можност да полагаат предметна програма најмногу 3 (три) пати, во 3 (три) последователни редовни испитни сесии во тековната учебна година (почнувајќи од испитната сесија кога за првпат се стекнуваат со правото да ја полагаат предметната програма), пред да ја презапишат истата предметна програма.

Студентот кој не исполнил услов за запишување на следниот семестар и по третото полагање на предметна програма во рамки на 3 (три) последователни редовни испитни сесии од претходниот семестар ја презапишува предметната програма.

 

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux