ДОМА ЗА НАС СТУДИИ НАСТАВЕН КАДАР СТУДЕНТИ ПУБЛИКАЦИИ ГАЛЕРИЈА АРХИВА ПРОЕКТИ
 
 
"Мисија: Преку постојаното осовременување на студиите и создавањето вистинско знаење, Правниот факултет повеќе од половина век дефинира што факултетот треба да биде. Тука и сега. Секогаш први! ..."
 
 
 
 
 
  НОВОСТИ
ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ПОМЕЃУ 16-ТЕ НАЈДОБРИ ВО СВЕТОТ ПО МЕЃУНАРОДНО АРБИТРАЖНО ПРАВО
ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ПОМЕЃУ 16-ТЕ НАЈДОБРИ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО СВЕТОТ ПО МЕЃУНАРОДНО АРБИТРАЖНО ПРАВО Секоја година почетокот на април е периодот кога во Виена се зборува за меѓународна трговска арбитража. Moot натпреварот по меѓународно арбитражно право Willem C. Vis секоја година вклучува илјадници студенти кои дискутираат за симулиран случај од областа на меѓународното арбитражно право, со Виенската конвенција за меѓународна продажба на стоки како меродавно право за меритумот на спорот. Оваа година, од 285 универзитети кои учествуваа, тимот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Правен факултет „Јустинијан Први“, под водство на проф. д-р Тони Дескоски, проф. д-р Татјана Зороска Камиловска, , асс. м-р Илија Руменов, м-р Вангел Доковски, м-р Татјана Штерјова и Мајлинда Ајдари, успеа да стигне до елиминационата рунда на 16 најдобри универзитети на натпреварот. Екипата на факултетот ја сочинуваат студентките на втор циклус на студии Ана Пепељугоска (Право на интелектуална сопственост) и Татјана Стојкова (Меѓународно право и меѓународни односи). На патот до 16-те најдобри универзитети Правниот факултет „Јустинијан Први“ најнапред се сретна во фазата по групи со екипите на универзитетите Queen Mary од Лондон, Luigi Bocconi од Милано, Универзитетот во Helsinki и Florida Coastal School of Law. Потоа, во рундата од 64 екипи победен беше Универзитетот Sidney од Австралија, а во рундата од 32 екипи Универзитетот Duke од САД. Студентката Ана Пепељугоска беше вброена во најдобрите 30 студенти-адвокати (во конкуренција од 1200 студенти) по меѓународна трговска арбитража.

ЕРАЗМУС - ПРОГРАМА ЗА МОБИЛНОСТ НА СТУДЕНТИ
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ објавува КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА МОБИЛНОСТ ЕРАСМУС LLL за академската 2012/2013 година.

 
 
  СООПШТЕНИЈА
Прва година додипломски студии - најново соопштение во врска со начинот на полагање
Во прилог е најново соопштение во врска со начинот на полагање на студентите од прва година кои полагаат по новиот наставен програм.

Практична настава за студентите од 1 и 2 година додипломски студии
Врз основа на член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование („Сл. весник на РМ“ бр.103/08) и член 6 од Правилникот за начинот и условите за организирање на практичната настава за студентите („Сл. весник на РМ“ бр.71/09), Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ги известува студентите од прва и втора година додипломски студии дека задолжително треба да посетуваат практична настава во траење од 30 дена. Потврдите за упатување на практична настава се подигнуваат на шалтерите во службата за студентски прашања.

ПОДИГНУВАЊЕ ДИПЛОМИ ОД ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ
Во прилог е списокот на готовите дипломи од додипломските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Студентите можат да ги подигнат дипломите во службата за Студентски прашања кај рефернтот Зоран Китановски секој работен ден од 12 до 14 часот.

Одлука за прололжување на рокот за студирање за студентите по стара програма
Во прилог е одлуката за продолжување на рокот за студирање на студентите кои студираат по стара наставна програма.

Важно соопштение за студентите кои имаат запишано условно семестар
Важно соопштение за студентите кои имаат запишано условно семестар

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ДОДИПЛОМСКИ И МАСТЕР СТУДИИ
Се предупредуваат студентите да внимаваат кога ќе уплаќаат за таксени марки тоа да го чинат на жиро сметката на Буџетот на РМ која е различна од онаа на Правниот факултет.

ПРИЕМНО ВРЕМЕ НА ПРОДЕКАНИТЕ
Применото време на Продеканите е во Вторник и Четврток од 12:00 до 14:00 часот во нивните професорски кабинети.

 
 
  РЕЗУЛТАТИ

 

Претходна | Следна
листа на сите резултати

 
 
             © Сите права се задржани Правен Факултет
               
КОНТАКТ
Правен факултет „Јустинијан Први“
Бул. Крсте Петков Мисирков б.б.
1000 Скопје, Македонија
Тел. +389 2 3117 244
Факс: +389 2 3227 549
 
 
  Најава
 
e cigarettecheap jordans