Запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2017/2018 година

Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2017/2018 година е објавен на www.ukim.edu.mk

Електрoнското пријавување на канидатите се врши преку www.upisi.ukim.mk

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, согласно Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиски програми на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (Конкурсот), во учебната 2017/2018 година ќе се запишат студенти во редовните и во дополнителните квоти (види повеќе)  

Повеќе...

КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

објавува

КОНКУРС

ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР

за летниот семестар во академската 2017/2018 година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

За размена на додипломско ниво, право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година  на студии.

Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр.

Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (до 5 работни денови).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори)

Потребни документи за мобилност на студенти:

Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+ или интернет-страната на факултетот:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање , потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус координаторот и согласно  компатибилноста на студиската програма, со факултетот во странство (30ЕКТС);
  • уверение за положени испити на македонски јазик и превод на англиски јазик;
  • најмалку една препорака (на англиски јазик);
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена  од признат центар/школа за странски јазици;
  • уверение за редовен студент-  запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model).

Висината на стипендијата за студентите изнесува 450-500 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот.

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

Потребни документи за мобилност на наставен кадар:

мобилност за наставeн ангажман (teaching):

мобилност за обука (training) :

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус+ координаторот во три примерока на факултетот каде студираат најдоцна до 5 октомври 2017.

(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)

(Види листа на Еразмус координатори по факултети).

Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 10 октомври 2017.

                                                УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

                                                УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО 

Започна пријавувањето за доделување стипендии од Еуролинк за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје

Четврта година по ред, Еуролинк Осигурување во рамките на платформата за Корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“ распишува Конкурс за доделување 35 Еуролинк стипендии, за 25 студенти додипломци и 10 стипендии за суденти на постдипломски студии, од Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје. Посебен акцент ставаме на образованието како основа за создавање доброобразовани поединци. „Поддршката и енергијата кои ги вложуваме во овој важен сегмент во општеството имаат за цел да им помогнат на луѓето да се оспособат за да си помогнат самите себеси и на другите, да создадеме доброобразовани генерации, кои ќе бидат носители на напредокот во нашето општество“, изјави Олга Костовска, претседател на надзорен одбор на Еуролинк Осигурување.

Учењето е процес, а не дело. Започнете го процесот на аплицирање за „Еуролинк стипендија“, кој започнува од денес, 15.6.2017, и ќе трае до 1.10.2017 год.

Услови за конкурирање: Сите редовни студенти кои се запишани на прв или на втор циклус на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, кои имаат редовен упис во учебната 2016/2017 година и кои исполнуваат услов за упис во учебната 2017/2018 година.

Услови за доделување на стипендијата: Студентите да имаат остварено просечен успех од положени испити од најмалку 8,5; да не се корисници на друга стипендија; да го задржат статусот редовен студент со просечен успех од 8,5 во учебната година кога ќе ја користат стипендијата. Студентите ќе имаат можност да аплицираат за 35 целосни стипендии со кои ќе може да ги покријат трошоците за кофинансирање.

Потребни документи за аплицирање: Пријава која е во прилог на конкурсот; потврда за редовен студент во учебната 2017/2018 година или потврда дека е поднесена пријава за упис на втор циклус студии за студентите кои во учебната 2016/2017 завршиле прв циклус и ќе се запишат на втор циклус студии во учебната 2017/2018 (коишто се добиваат од Службата за студентски прашања); Уверение за положени испити; Биографија (пожелно е да биде во ЕУ формат); Есеј на тема „Општествена одговорност – стар концепт со нови практики“ од најмногу 500 збора.

Доставување документи Потребните документи да се достават во печатена и во електронска форма. Кандидатите треба да ги достават во печатена форма документитте во 5 примероци (1 оргинал и 4 копии) во затворено плико на кое е назначено дека е апликација за „Еуролинк стипендија“, преку Архивата на Факултетот до проф. д-р Неда Здравева, продекан за настава; и во електронска форма на е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Пријавите кои немаат целосна документација и коишто не се доставени навремено и на наведениот начин нема да се разгледуваат и да се оценуваат.

Доделувањето на стипендиите за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје е активност во рамките на програмата за општествена одговорност на компанијата: „Еуролинк - вaшата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија.

 EuroLink Print Ads 283x189mm

Јавен повик за учество на летна школа организирана од SEELS, со финансиска поддршка на DAAD:

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ - Frankfurt Investment Arbitration Moot Court

Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје со гордост Ве известува дека започнувајќи од учебната 2017/2018 година ќе започне со свој тим, под менторство на проф. д-р Тони Дескоски, да учествува на меѓународниот натпревар од областа на заштитата на инвестициите - Frankfurt Investment Arbitration Moot Court.

Со цел формирање на тим на студенти кои ќе го претставуваат Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, се повикуваат сите заинтересирани студенти со завршена втора година правни студии, како и студентите од вториот циклус на студии, да испратат кратко CV и слика, на следниов e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. - најдоцна до 26.08.2017 година. Натпреварот е на англиски јазик.

Студентите кои ќе ја поминат селекцијата, ќе учествуваат во работата на Frankfurt Investment Arbitration Moot Court тимот 2017/2018 година. Натпреварот по 11-ти пат ќе се одржи во периодот помеѓу 12-16.03.2018 година во Франкфурт, Германија. Трошоците за учество на натпреварот во Франкфурт и на подготвителниот натпревар се целосно обезбедени.

Повеќе за натпреварот можете да прочитате на следниот линк: http://investmenttreatymoot.org/

Offering a position of internship in the EU Project transposing the EU Directive of Professional Qualifications

Offering a position of internship in the EU Project transposing the EU Directive of Professional Qualifications

We would like to invite for an internship students of the Law Faculty for 2 months June and July in order to facilitate the project to its education and awareness raising of the Professional Qualifications Directive 36/2005/EC and the EU Law of the Single Market and the impact to the professionals of Macedonia. 

Basic requirements are to be at advanced level of law, with good knowledge of EU law and institutions, preferably in graduation year, to be serious and professional and with good organization and coordination management skills, with ambition to succeed and commitment to the task. 

Hours of work at the office will be from 10am to 17pm every day

Short CVs are welcomed.

Stella I. Tsartsara 

EU Law and Policy, Government Relations expert

International Donor's programs' Development expert

email:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.